Денеска полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за недозволена трговија со дрога во соработка и координација со Царинските служби на Турција и Северна Македонија, Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Јавното обвинителство на Турција, како и СЕЛЕК (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа) реализираа меѓународна акција во која на скопскиот аеродром се запленети над еден тон прекурзор за добивање на амфетамински тип стимуланси, класифициран во прва категорија на националната листа на прекурзори.

 Прекурзорот бил набавен од страна на македонски државјани од лица од Кина, кој преку Турција пристигнал во Северна Македонија, со крајна дестинација во земји на Европската унија, со цел понатамошно производство на синтетичка дрога амфетамин и метамфетамин. Првичната проценка е дека од набавената количина на прекурзорот требало да биде произведен амфетамин со вредност од над 50 милиони евра.

Во акцијата се лишени од слобода две лица како дел од меѓународна организирана криминална група, а се преземаат мерки и активности и за приведувања на други лица .

    

 

03022022aerodrom
03022022aerodrom1
03022022aerodrom2
03022022aerodrom4
nasolv03022022aerodrom
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5