Во текот на вчерашниот ден на граничниот премин Табановце во автобус пријавен за излез од државата,царински инспектори од мобилните тимови при Царинска управа, во соработка со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР,спречија обид за криумчарење на околу 2 килограми опојна дрога хероин со вредност од околу 25.000 евра.

Имено, на 2 февруари 2022 година на граничниот премин Табановце, во попладневните часови за излез од државата се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовна линија Дебар – Копер. При детална контрола на автобусот, во местото за личен багаж над седиштата на патниците, била пронајдена прашкаста материја - хероин со тежина од околу 2 килограми, сокриена во амбалажа за прехрамбени продукти.

Запленетата дрога заедно со целокупната документација е предадена на Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи за понатамошно постапување.

    

 

1030220221
2030220222
3020320223
4030220224
5030220225
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5