Секоја година, царинските служби ширум светот преку посебни организирани активности го прославуваат 26-ти јануари, Меѓународниот ден на Царината. Годинава овој ден се одбележува под мотото „Зголемување на царинската дигитална трансформација преку прифаќање на култура на податоци и градење на екосистем на податоци“.
Поаѓајќи од сите напори кои во текот на оваа исклучително тешка година беа преземени од повеќе правни субјекти кои и излегоа во пресрет на Царината, Царинската управа одлучи оваа година пофалници од Генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микурија за посебни заслуги, да додели на претставници од надворешни институции и организации кои со своите активности се издвоија како заслужни во воспоставување на одржлива и конструктивна бизнис околина и изнаоѓање решенија за справување со кризата предизвикана од пандемијата КОВИД 19. Во оваа насока пофалници ќе бидат доделени на Др. Ирина Сотирова Бухова – Државен санитарен и здравствен инспекторат, Оливера Миовска – АМЕРИТ, Билјана Муратовска – МАКАМТРАНС, Дамјан Сотировски – Беташпед, Влатко Серафимовски – Мултишпед, Марија Стојковска – Даути Комерц, М-р. Ана Малцева-Маринковиќ– Канцеларија на Претседал на Владата, Солза Ковачевска – Министерство за информатичко општество и администрација, Никола Николов - Министерство за информатичко општество и администрација, Надица Велевска - Министерство за информатичко општество и администрација.
Покрај на надворешни соработници, пофалници ќе бидат доделени и на 5 царински службеници - Златко Поповиќ, Сузане Алили, Ренезијана Кипријанова, Весна Станоева и Оливера Чаловска, кои дадоа особени напори за реализација на проекти изминативе години кои значат дигитална трансформација и размена на податоци и информации помеѓу службите во државата како и со другите царински служби.
По повод Меѓународниот ден на Царината – 26 јануари во целост Ви ги пренесуваме пораките од г. Кунио Микурија, Генерален секретар на СЦО и од г-ѓа Славица Кутиров, директор на Царинска управа на Република Северна Македонија.
Линк од обраќање на д-р Кунио Микурија
Линк од обраќање на м-р Славица Кутиров
Видео од добитници на сертфикати