Денес преку видео конференциска врска се одржа состанок во рамки на иницијативата Отворен Балкан на кој присуствуваа министри, директорите на царинските управи, како и претставници од нацонални агенции за безбедност на храна, даночни управи и стопански комори од трите земји.

За време на состанокот присутните информираа за преземените активности и степенот на реализација на заклучоците кои произлегоа на средбата во Ниш која се одржа од 13-14 ноември.

Директорката на Царинската управа на Република Северна Македонија, м-р Славица Кутиров, потенцираше дека сме посветени активностите во надлежност на Царинската управа да бидат навремено и ефикасно реализирани. Во насока на ова, информираше дека на 3 декември 2021 година, заедно со директорот на Царинска управа на  Република Србија г. Бранко Радујко, го потпишаа Протоколот за взаемно признавање на одобрениjата за Овластен економски оператор (ОЕО), што беше еден од заклучоците на министерскиот состанок во Ниш и договорија унапредување на веќе воспоставените заеднички контроли. Директорката напомена дека во тек се активности за меѓусебно признавање на Овластен економски оператор и воспоставување на One Stop Shop со Република Албанија.

14112021111
14112021555
naslov141120211
Previous Next Play Pause
1 2 3