Одделението за истраги - Сектор за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, континуирано спроведуваат акции против нелегална продажба на режан тутун низ пазарите на територија на град Скопје.

Во акцијата која денес заеднички беше спроведена по пазарите и магацинските простории,

запленети се 214 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите и други магацински простории. Со ова се избегнати давачки за акциза во износ од околу 440.000 денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави за нелегално продавање на производи кои претставуваат акцизни добра.

Царинската управа во текот на оваа година има спроведено 5 акции против нелегална продажба на тутун и тутунски производи кои резултирале со 7 кривични дела и 3 прекршочни постапки против сторителите. Имено, кривичните дела се однесуваат на избегнување на плаќање акциза, а прекршоците за пуштање во промет акцизни добра кои не се обележани со акцизна марка. Во период од 01.01.2021 до 10.12.2021 во акции по пазарите, Царинската управа вкупно има запленето 10.440 цигари и околу 1,413 кг режан тутун.

   

 

1101220211
2101220212
3101220213
4101220215
6101220219
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5