Царинската управа започна со реализација на Проектот за имплементација на нов систем за видео надзор и автоматско распознавање на регистарски таблички на возилата кои ја преминуваат границата (CCTV и ANPR), кој се реализира како компонета од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан финансиран со заем од Светската Банка.

Со примена на опрема базирана на современи технологии, на повеќе од 40 гранични и внатрешни испостави ќе се воспостави систем кој ќе овозможи централизирана администрација и мониторинг базиран на повратни сигнали и аларми врз основа на претходно дефинирани ризици, а ќе се обезбеди и нивна интеграција со царинскиот информатички систем.

Системот ќе биде значајна алатка при спроведување на надлежностите за сузбивање на недозволената трговија, шверц и корупција на царинските испостави, пред се на граничните премини. Интеграцијата со постоечките системи ќе овозможи дополнителна автоматизација на одредени процеси, а со тоа и забрзување на протокот.

 

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3