Денес, на граничниот премин Прешево, директорите на Царинските управи на Република Северна Македонија, г-ѓа Славица Кутиров и Република Србија г. Бранко Радујко, потпишаа Протокол за взаемно признавање на одобрениjата за Овластен економски оператор (ОЕО).

Потпишувањето на протоколот произлезе од заклучоците на министерскиот состанок кој во рамките на иницијативата Отворен Балкансе одржа на 13-14 ноември во Ниш.

Со потпишувањето на овој Протокол, Царинските управи на двете држави се обврзаа меѓусебно да го признаат процесот на валидација на одобренијата за Овластен економски оператор(ОЕО), спроведен во рамките на ЦЕФТА, процес кој започна во мај 2019 година, а заврши во јануари оваа година.

Со ова Република Северна Македонија и Република Србија станаа првите земји во регионот на Западен Балкан, што меѓусебно ќе започнат со оперативна примена на процедурите и придобивките со кои се стекнаа имателите на одобренијата за ОЕО.

Со овој Протокол опфатени се 34 компании од Република Србија и 21 компанија од Република Северна Македонија. Истите во текот на декември како пилот, а од јануари 2022 и официјално ќе можат да ги применат поволностите при спроведување на царинските постапки во двете држави, врз основа на исти правила и критериуми, односно ќе имаат можност за:

  • Намалени физички и документарни контроли при спроведување на царинските постапки,
  • Известување за контрола во случај кога пратката е селектирана за физичка контрола,
  • Приоритет при спроведување на физичките и документарни контролите во случај кога се селектирани за контрола,
  • Можност за избор на место за спроведување на контрола, надвор од местото на царинскиот орган
  • Приоритет при преминување на граничните премини

Овој Протокол за взаемно признавање на ОЕО, треба да придонесе за полесно движење на стоките помеѓу двете држави и намалување на трошоците за извоз и увоз на имателите на овие одобренија.

На средбата се дискутираше и за другите области од заеднички интерес, а кои активности произлегоа во рамки на иницијативата Отворен Балкан и се во тек.

 

 

0312202111
0312202122
0312202144
0312202199
03122021666
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5