Службите на Царинската управа, Сектор за контрола и истраги и МВР, Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден спроведоа заедничка акција за откривање на недозволено производство и продажба на тутун, при што открија нелегален погон за производство на режан тутун на подрачјето на град Скопје.

На 18.11.2021 година, во вечерните часови, припадници на Царинска управа и на Оддел за криминалистичка полиција  запреа  патничко моторно возило, со скопски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. При контрола на возилото пронајдени се 750 пакувања со режан тутун со вкупна тежина од околу 200 килограми. По издадена наредба за претрес, од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на лицето кое го управувало патничкото моторно возило. Во куќата пронајдена е опрема за целосен процес на производство и пакување за малопродажба на режан тутун за пушење, и тоа: машина за режење, ваги, вакум машини, најлонска и картонска амбалажа за илјадници килограми тутун. Тутунот произведен во оваа нелегална – импровизирана работилница, се пакувал и продавал во амбалажа како тутун од реномирани произведувачи на тутунски производи.

Пронајдениот тутун и останатите предмети се запленети, а Царинската  управа до надлежното Јавно обвинителство ќе поднесе соодветна кривична пријава за даночно затајување и избегнување на плаќање на акцизни давачки.

Царинската управа и Министерството за внатрешни работи вложуваат постојани напори за спречување на нелегално производство и трговија со акцизни добра, со цел да се спречи неплаќањето на давачки кон државата, но и да се заштити здравјето на граѓаните што може да биде загрозено со употреба на непроверени производи пуштени во промет на нелегален начин.

   

  

191120212
191120213
191120214
191120215
191120218
1191120211
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6