На 17.11.2021 година во просториите на Царинската управа,директорката г-ѓа Славица Кутиров заедно со заменик директорот, г-дин Муарем Асани остварија средба со висок претставник од Британската амбасада, г-дин Сајмон Вудок, Офицер за врска за фискален криминал за Косово и Северна Македонија.

Средбата беше иницирана од страна на Британската Амбасада во Скопје со цел да ја запознаат директорката со заедничките тековни и идни проекти. Акцентот беше ставен на досегашната успешна соработка помеѓу македонската и британската Царина во насока зајакнување на капацитетите во борбата против корупција, сивата економија, како и сузбивањето на недозволив проток на стоки, нелегална трговија со дроги,други опојни супстанци и други облици на криумчарење.

Од двете страни беше изразена подготвеноста за зајакнување на соработката за царинските прашања и постојана взаемна комуникација на сите нивоа.

1181120211
31820213
2181120212
naslov181120211
Previous Next Play Pause
1 2 3 4