Во насока на продолжување на добрата соработка помеѓу Царинската управа на Република Северна Македонија и Корејската Царина, се одржа виртуелен состанок за отпочнување на Проект кој ќе го поддржи градењето на капацитетите на Царинската управа, особено во делот на е-трговијата и воедно ќе придонесе за воспоставување на баланс помеѓу олеснета и забрзана испорака на пратките и зголемена наплата на буџетските приходи од овој вид на трговија.

Проектот ќе се имплементира во текот на 2022-2023 година и значаен бенефит од него ќе имаат малите и средни претпријатија во однос на поширок пристап до странските пазари со намалување на влезните бариери и намалување на оперативните трошоци. Во тек е изработка на физибилти студија за потребите на Проектот, а во насока на модернизација на Царината.

На средбата беше истакнато дека од големо значење е поддршката што Царинската управа ќе ја добие во доменот на е-трговијата, која во светски рамки бележи постојан раст и развој, особено сега во новите услови креирани од корона кризата. Царинската управа на Јужна Кореја е широко позната по својот технолошки напредок и бројните награди на полето на електронските достигнувања.

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3