Царинската управа е пријателски ориентирана и секогаш  отворена за средби на кои директно ќе има можност со бизнис заедницата да ги дискутира отворените прашања, како и предлозите за поедностaвување и забрзување на царинските постапки.

Таков беше и денешниот настан „ОТВОРЕН ДЕН СО ЦАРИНСКА УПРАВА НА РСМ“ организиран од страна на Сојузот на стопански комори, на кој високи претставници од Царинската управа преку видео врска одговараа на прашањата од фирмите членки на Сојузот што е и целта на настанот - преку отворена дискусија до полесно надминување на предизвиците на компаниите во остварувањето на своите деловни активности.

Една од главните цели на нашата работа се дигитализацијата и олеснувањето на трговијата и тоа не само како декларативна определба, туку преку конкретни проекти, мерки и активности да придонесеме за унапредување на деловната клима и воопшто за подобрување на условите за водење на бизнис. Напредокот на Царината треба да оди паралелно со напредокот и интересите на деловната заедница, затоа секогаш сме подготвени да ги слушнеме барањата и потребите на економските оператори и ги поздравуваме ваквите иницијативи кои сметаме дека треба  што почесто да се одржуваат.

 

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3