Царинската управа е институција која меѓу првите се вклучи во Планот за борба против корупција усвоен од Владата на Република Северна Македонија и стана дел од новоформираната платформа bezkorupcija.com каде сите граѓани со само еден клик можат да пријават евентуално коруптивно однесување на царинските службеници.

Преку отворената царинска телефонска линија 197, граѓаните можат анонимно да пријават секакви нерегуларности на граничните премини ширум државата.

Царинската управа постојано врши внатрешни контроли и истраги на спроведени и завршени царински постапки за откривање на евентуални неправилности во царинското работење.

1
1
Previous Next Play Pause
1