Директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров, заедно со Заменик директорот г. Муарем Асани оствари работна средба со г. Вернер Тури, Регионален Директор на Царината во Република Австрија и водач на Tвининг проект финансиран од ИПА 2 – „Подобрување на наплатата на приходите и даночните и царинските прописи“.

Имплементацијата на овој Проект се одвива од 2020 година, преку Министреството за финансии на Австрија како водечка иниситуција, со партнер Царинската управа на Република Хрватска. Корисници на проектот се Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Царинската управа. Целта на проектот со вредност од 3,5 милиони евра, е подобрување и усогласување на даночното и царинското законодавство во согласност со релевантното законодавство на ЕУ, како и примена на најдобрите практики, подобрување на економската анализа и предвидување и моделирање на приходите, што придонесува за подобрување на оперативните и административните капацитети на клучните институции во системот. Покрај тоа, проектот има за цел да ги поедностави даночните и царинските постапки. Воедно со негово имплементирање ќе се придонесе за намалување на административните процедури при плаќање на увозните давачки и даноци кои ги наплатува Царинската управа.

За време на состанокот директорката Кутиров ја изрази посветеноста на Царинската управа кон приоритетите за ЕУ интеграција, како и планирање и навремена реализација на проектите поддржани од ИПА фондовите.

 

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3