Заменик директорот на Царинската управа г. Муарем Асани денес беше во работна посета на граничен премин Блаце - Царинарница Скопје. 

ЦИ Блаце е испостава во чија што надлежност е спроведување на царинската постапка на Граничниот премин Блаце и тоа на двата нејзини отсеци патнички и стоков.

За време на работната посета, управникот на Царинарница Скопје, помошник управникот  и шефот на царинска испостава Блаце, го информираа заменик директорот и за тековните активности и капацитетите на овој граничен премин, што воедно е и еден од  најфреквентните гранични премини.

Заменик директорот г. Муарем Асани  при посетата пред царинските службеници ја потенцира  неговата заложба да бидеме посветени кон борбата против криминалот и корупцијата, точка која е високо ставена и на приоритетната листа на Владата на Република Северна Македонија, притоа нагласувајќи дека човечкиот фактор е клучен при преземањето и спроведувањето на ефективни мерки за борбата против корупцијата.

За време на посетата на граничниот премин Блаце остварена е и работна средба со Командирот на граничната полиција  Блаце  г. Бесим  Асани.

На ова средба беше разговарано  за актуелните теми за успешната  соработката меѓу припадниците на МВР и Царинските службеници од овој премин.

 

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4