Денес директорката на Царинската управа, м-р Славица Кутиров, заедно со Заменик директорот Муарем Асани остварија работна средба со Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции г. Фатмир Битиќи, кој им посака успешна работа и ги пренесе своите очекувања Царинската управа да остане и во иднина меѓу водечките институции во државата. На состанокот се дискутираа и повеќе актуелни теми поврзани со царинското работење.

Присутните разменија информации за реализацијата на проектот за развој и имплементација на новиот Национален едношалтерски систем (National Single Window - NSW), на кој Царинската управа е носител и координатор, а Кабинетот на Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции г.Битиќи е претседавач на Управувачкиот комитет за имплементација на проектот. Исто така се дискутираше за планираните проекти во Стратегијата за развој на ИКТ на Царинска управа, како и за други развојни планови и активности во следниот период, како што е следењето на акцизните стоки.

Се отвори и прашањето за работењето и можностите за унапредување на One Stop Shop концептот со Република Србија, а се дискутираше и за подготвките кои се во тек за воведување на овој концепт и со Република Албанија и Косово.

На крајот на состанокот, присутните изразија посветеност за продолжување на блиската комуникација и соработка на сите нивоа со цел понатамошна модернизирање на царинското работење, а со цел унапредување на услугите према економските оператори и бизнис климата воопшто. 

DSC_1005
DSC_1005
DSC_1015
DSC_1015
DSC_1008
DSC_1008
DSC_1019
DSC_1019
DSC_1034
DSC_1034
DSC_1029
DSC_1029
DSC_1024
DSC_1024
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7