Директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров се сретна со аташето на ICITAP на Северна Македонија во Амбасадата на САД во Скопје, г. Карл Ришеим. Аташето изрази задоволство од посетата, посакувајќи и успех на директорката на новата позиција.

Аташето ја запозна делегацијата на царината со мисијата на ICITAP и истакна дека целта на мисијата е да обезбеди поддршка за професионализација на вработените во делот на истрагите со цел доближување на нивото на професионалност до светските стандарди преку имплементација на стручни, но и персонализирани обуки кои успешно се спроведени во повеќе земји и покажале одлични резултати.

Мисијата ICITAP во земјата досега беше насочена кон професионализација на инспекторите во МВР и Финансиската полиција. Наредниот период во агендата на ICITAP влегуваат и професионалците од Царинската управа, гест кој беше поздравен од директорката како многу позитивен, тргнувајќи од фактот дека Секторот за контрола и истраги е клучен за безбедноста на границите, но и на државата.

Царинската управа искажа благодарност до Американската амбасада за контринуирана поддршка која несебично ја дава на институцијата и изрази надеж дека соработката во иднина ќе се продлабочи со цел професионализирање и модернизирање на институцијата и човечкиот потенцијал, како неопходна карика за ефективно работење.

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3