Директорката на Царинската управа г-ѓа Славица Кутиров, денес оствари работна средба со г-дин Мартин Краних, царински офицер за врски на Федеративна Република Германија кој е задолжен за Северна Македонија, Бугарија и Романија.

За време на состанокот, гостинот ја потенцираше досегашната успешна соработка со Царинската управа. Со оглед на тоа што дигитализацијта е еден од најважните процеси за модернизација на Царинската управа, г-дин Краних изрази задоволство од назначувањето на функција директор во Царинска управа на ИТ професионалец со долгогодишно искуство во Царина, што ќе може да даде голем придонес во оваа насока.

Директорката на Царинската управа изрази голема благодарност за континуираната поддршка од Германија, што во изминатиот период се одвива и преку заедничките активности со Друштвото за меѓународна соработка GIZ, посветени на регулаторната рамка на Царинската управа, обуки за финансиски истраги и откривање на кеш со помош на кучиња.

1
1
2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3 4