Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров денес одржа состанок со г. Ендрју Мофат, претставник од Американската амбасада во Скопје. На средбата се разговараше за тековните прокети за олеснување и забрзување на трговијата и процесите на поврзување на земјите во регионот на Западниот Балкан.

Во таа насока се разговараше околу активностите за воведувањето и примена на Концептот на заеднички гранични контроли и поедноставени постапки на единствен граничен премин, воведувањето на зелените коридори кои обезбедуваат 24 часовна работа на граничните премини за извоз и увоз на стоки во рамките на ЦЕФТА регионот и на клучните гранични премини со Европската Унија, процесот за меѓународно признавање на издадените одобренија за Овластен економски оператор (ОЕО) за царински поедноставувања и концептот дигитална царина и новиот Национален едношалтерски систем (NSW).

2
2
3
3
4
4
Previous Next Play Pause
1 2 3