Заменик директорот на Царинската управа г. Муарем Асани денес одржа протоколарна средба со г. Мартин Краних, царински офицер за врски на Федеративна Република Германија кој е задолжен за Северна Македонија, Бугарија и Романија.

На неодамнешната посета во Царинската управа, г. Краних ги презентираше своите мисии и можности за соработка со нашата царинска служба. На денешната средба уште еднаш ја потврди успешната меѓусебна соработка во делот на царинските работи и најави нова донација кон Царинската управа со поддршка од Германија.