Царинската управа со поддршка од USAID Economic Development, Governance and Enterprise Growth (EDGE) Project во периодот од 6.-9.7.2021 година организираше регионална обука на тема Системски пост контроли на големи увозници/извозници.
Покрај вработените од Царинската управа, слушатели беа претставници од царинските управи на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Целта на оваа обука е да се зјакнат капацитетите за вршење на пост контроли што ќе овозможи олеснување и забрзување на царинските постапки. По завршување на оваа обука учесниците ќе можат да ја идентификуваат и анализираат соодветноста и ефективноста на системите и внатрешните контроли на големиот увозник / извозник.