Врз основа на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост  („Службен весник на РМ“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 101/19 и 275/19, 122/21), Законот за процена („Сл. весник на РМ” бр. 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/15, 153/15, 192/15и 30/16), Одлуката за давање во закуп објекти на граничен премин за патен сообраќај бр. 40-4197/1 од 13.04.2021 година („Сл. весник на РСМ” бр. 84/21) и Одлуката за давање во закуп објекти на граничните премини за патен сообраќај бр. 40-4497/1 од 13.04.2021 година („Сл. весник на РСМ” бр.84/21), донесени од Владата на Република Северна Македонија

               Царинската управа на Република Северна Македонија

ул.Лазар Личеноски бр.13, 1000 Скопје, Република Македонија објавува

 

ОГЛАС број 2/2021

ЗА

ДАВАЊЕ ВО ЗАКУП ОБЈЕКТИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ

 

Втора објава

А. Објекти од траен карактер кои се даваат во закуп за дејности:

А.1. Царинско застапување

Реден бројГраничен преминОбјект бројПовршина (м2)

Катастарска општина (КО)

Имотен лист (ИЛ)

Катастарска парцела

Адреса, број на зграда/друг објект, влез/кат и број на посебен/заеднички дел, намена и внатрешна површина

Почетна висина на месечна закупнина -05% од Проценета  вредност

(МКД без ДДВ)

Банкарска гаранција за сериозност-

2% од  проценетата вредност

(МКД без ДДВ)

Минимален износ на банкарска гаранција за обврски од договор

(МКД без ДДВ)

Ден и час  на јавното наддавање
12345678910
1Блаце659.00КО Блаце Кале,     ИЛ 386, КП 2772/1

Аре Кубашит

бр. 1,

влез 01,

кат приземје, бр.  на посебен дел 00, 

намена ДП. 

24.999.0099.998.00110.000.00

08.07.2021г

10:00

           

 

 

 

А.2. Осигурување лица и возила

Реден бројГраничен преминОбјект бројПовршина (м2)

Катастарска општина (КО)

Имотен лист (ИЛ)

Катастарска парцела

Адреса, број на зграда/друг објект, влез/кат и број на посебен/заеднички дел, намена и внатрешна површина

Почетна висина на месечна закупнина -05% од Проценета  вредност

(МКД без ДДВ)

Банкарска гаранција за сериозност-

2% од  проценетата вредност

(МКД без ДДВ)

Минимален износ на банкарска гаранција за обврски од договор

(МКД без ДДВ)

Ден и час  на јавното наддавање
12345678910
1Блато7516,00

КО Баниште, ИЛ 206

КП 640/1

Блато,

бр. на објект 2,

дел од 100м2,

кат приземје

намена, ДП

6.760.0027.040.0040.000.00

08.07.2021г

09:00

 

Втора објава

Б. Времени објекти кои се даваат во закуп за дејности:

Б.1. царинско застапување

Реден бројГраничен преминОбјект бројПовршина (м2)

Катастарска општина (КО)

 Имотен лист (ИЛ)

Катастарска парцела

Почетна висина на месечна закупнина -05% од Проценета  вредност

(МКД без ДДВ)

Банкарска гаранција за сериозност-

2% од  проценетата вредност 

(МКД без ДДВ)

Минимален износ на банкарска гаранција за обврски од договор

(МКД без ДДВ)

Ден и час  на јавното наддавање
123456789
1Табановце9322,00

Поставен на градежно земјиште

КО Табановце,

ИЛ 1290,

КП 940/1 КО Табановце, КЕН, ДП. 

3.885,0015.539,00100.0000,00

08.07.2021г

11:00

  1. 1.Интегрален текст на Огласот за јавното наддавање, Пријавата (Образец број 1) и

Изјавата (Образец број 2) за учество на јавното наддавање, може да се превземат од веб страната на Царинска Управа  http://www.customs.gov.mk.

  1. 2.Пријавувањето за учество на јавното наддавање се врши електронски на следната интернет адреса http://e-aukcii.finance.gov.mk. Пријавата за учество на јавното наддавање заедно со податоците и доказите утврдени во овој оглас се прикачуваат во електронскиот систем за јавно наддавање на Министерството за финансии.

-          Податоците и доказите утврдени во овој оглас заедно со пријавата треба да бидат скенирани во еден pdf документ и истиот се прикачува при пријавувањето и тоа во делот „Изјава”.

-          Банкарската гаранција се скенира во pdf документ и се прикачува при пријавувањето и тоа во делот „Банкарска гаранција”.

  1. 3.Еден затворен плик е за една пријава за една дејност и за еден објект односно

деловен простор.

Во секој затворен плик   се доставува единствено  оригиналната   банкарска гаранција за сериозност на понудата (точка 5.1. од овој оглас) до пошта на адреса на Царинска Управа или директно во просториите на архивата на Царинска Управа ул. „Лазар Личеноски” бр. 13, 1000 Скопје, во затворен плик на кој е наведен бројот на огласот и е назначено: „за Комисија за  располагање со недвижни и движни ствари сопственост на Република Македонија – корисник Царинската управа на Република Северна Македонија.

Рокот за доставување  на   оригиналната   банкарска гаранција за сериозност на понудата  и прикачувањето на пријавата со  задолжителната документација скениерани во pdf на интернет страната   http://e-aukcii.finance.gov.mk за учество на јавното наддавање е најдоцна до 05.07.2021 година.

Јавното наддавање за секој објект одделно ќе се одржи електронски на следната интернет адреса  http://e-aukcii.finance.gov.mk

Јавното наддавање ќе започне во терминот наведен во табеларниот преглед, за секој објект поединечно.

  1. 4.Почетната цена за наддавање за објект, е наведена во колона 7 во табелите

од ДЕЛ А, и колона 6 во табелите од ДЕЛ Б на овој оглас. Цената на закупнината е изразена во денари без ДДВ и е противвредност од евра, утврдена согласно Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост  („Службен весник на РМ“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/2016, 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 101/19 и 275/19),  и Законот за процена („Сл. весник на РМ” бр. 115/10, 158/11, 185/11, 64/12, 188/14, 104/15, 153/15, 192/15 и 30/16).

  1. 5.Задолжителна документација за учество на јавното наддавање е:

5.1. за сите учесници:

- Пријава (Прилог  број 1) пополнета со сите предвидени податоци, со датум не постар   од шест месеци, со потпис од одговорното лице и печат од правното лице, електронски во pdf

- Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар е наведена во колона 8 во табелите од ДЕЛ А, и колона 7 во табелите од ДЕЛ Б на овој оглас, се доставува електронски во pdf формат и во оригинал преку пошта или директно во ахивата на Царинската управа најдоцна  до 05.07.2021 година ;

                - Потврда за регистрирана дејност од правното лице подносител на пријавата издадена од Централен регистар на РСМ, поднесена електронски во pdf формат заверена со потпис и печат од одговорното лице;

- Тековна состојба од подносителот на пријавата издадена од Централен регистар на РМ, со датум на издавање не постар од шест (6) месеци, поднесена електронски во pdf формат заверена со  потпис и печат од одговорното лице;

          - Изјава со која се обврзува дека ако биде избран за најповолен понудувач, во рок од 5 дена од приемот на известувањето за избор ќе пристапи кон склучување Договор за закуп, поднесена електронски во pdf формат со потпис и печат од одговорното лице;

            - Изјава – Прилог бр. 2 со која подносителот на пријавата изјавува дека ги прифаќа и е запознаен со условите од Огласот за јавно наддавање и Упатството, поднесена електронски во pdf формат со потпис и печат од одговорното лице;

 5.2. за учесници за дејност царинско застапување:

             -Важечка лиценца - Одобрение за вршење работи за застапување во царински постапки за обавување на дејноста царинско застапување издадено од Царинска управа, поднесено електронски во pdf формат;

- Важечки општи гаранции за транзитна постапка издадени од банка, поднесени електронски во pdf формат во висина од:

а) 5 милиони денари – за обавување на дејноста царинско застапување  во објекти на граничен премин Блаце и Табановце; 

           - Потврда за работно време издадена од Централен регистар на РМ за            обавување на дејноста царинско застапување, поднесена електронски во        pdf формат, заверена со потпис и печат од одговорното лице, и тоа:

а) работно време од 24 часа – за објекти на граничен премин Блаце и Табановце;

     - Изјава за работно време, поднесена електронски во pdf формат со печат и потпис на одговорното лице, доколку не може да се обезбеди Потврда за работно време до денот на јавното наддавање, со обврска во рок од 30 дена задолжително да се достави Потврдата;

5.3. за учесници за дејност осигурување на лица и возила:

     -Дозвола за вршење работи на осигурување во рамки на класа на осигурување

од одговорност од употреба на моторни возила, издадена од надлежен орган (Министерство за финансии, Агенција за супервизија на осигурувањето), и тоа за Друштво за осигурување, како и за Осигурително брокерско друштво или Друштво за застапување во осигурувањето, за обавување на дејноста осигурување на лица и возила, поднесена електронски во pdf формат со потпис и печат од одговорното лице.

6. Банкарската гаранција е за сериозност на понудата и треба да е издадена од банка. Во висина е од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар и е со рок на важност најмалку 60 дена сметајќи од денот предвиден како краен рок за поднесување на пријавите. Банкарската гаранција за сериозност на понудата на најповолниот понудувач му се враќа веднаш по записничкото примопредавање на објектите, а на останатите подносители на пријава се враќа во рок од 15 дена од јавното наддавање. Царинска управа ќе ја реализира банкарската гаранција за сериозност доколку најповолниот понудувач не го склучи понудениот договор за закуп, не го солемнизира  и не направи записничко примопредавање на објектот во предвидените рокови. На секое идно јавно наддавање за истиот објект во период од една година, овој учесник во наддавањето нема да може да учествува;

7.  Објектот се издава во видена состојба.

8. Постапката за избор на најповолен  понудувач ја спроведува Комисија за  располагање со недвижни и движни ствари сопственост на Република Македонија, формирана со решение од директорот на Царинската управа.

9. Комисијата нема да даде корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, за понудувач кој:

-          поднел пријава за која Комисијата ќе утврди дека е некомплетна – непополнета, без соодветната задолжителна докуметација од точка 5 од овој оглас или без сите податоци и докази предвидени во овој оглас,

-          подносителот на пријавата има важечки договор за иста дејност на ист граничен премин за кој поднел пријава,

-          подносителот на пријава е најповолен понудувач на еден граничен премин и за еден објект за давање во закуп на тековниот оглас

-          е подносител на пријава за еден објект, кој учествувал на јавно наддавање за истиот објект во тек на една година претходно, бил избран за најповолен понудувач, но не го склучил договорот за закуп, не го солемнизирал и не направил записничко примање на објектот и

-         има неплатени долгови кон ЦУ.

10. Јавното наддавање е електронско и ќе се одвива на следниот начин:

-          Подносителите на пријави е потребно да се пријават на огласот објавен на страната на Министерството за финансии, да ги испратат личните податоци и документи  потребни за регистрација во системот, како и точна e-mail адреса со која се регистрирале во системот http://e-aukcii.finance.gov.mk, за да може Комисијата да го одобри нивното учество во јавното наддавање;

-          На подносителите на пријави кои се комплетни и навремени согласно овој оглас, Комисијата преку e-mail, во рок од три дена од денот на доставувањето на пријавите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои доставиле некомплетна – непополнета, без соодветната задолжителна докуметација од точка 5 од овој оглас или без сите податоци и докази предвидени во овој оглас, им доставува известување (по електронски пат) со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање;

-          Подносителите на пријави кои од Комисијата ќе добијат корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат на интернет страницата http://e-aukcii.finance.gov.mk со корисничкото име и шифрата за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање;

-          Електронското јавно наддавање ќе се одржи доколку на огласот се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите од огласот и ја прифати  почетната цена;

-          Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат односно зголемуваат почетната цена на закупнината;

-          Јавното наддадавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда;

-          Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, почетната цена на закупнината се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат, без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, почетната цена на закупнината повторно се намалува за 2% од проценета вредност;

-          Кога јавното наддавање за соодветен објект е во прва или втора објава, соодветно се применуваат одредбите од Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост.

-          За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за закупнина за конкретниот објект.

-          Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува Записник за спроведеното јавно наддавање од електронскиот систем кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање и Извештај за текот на јавното наддавање.

-          Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение, во рок од пет дена од приемот на приговорот.

-          Против решението од Комисијата може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

-          За постапките за јавно наддавање за објект за кои има приговор или жалба против решението од Комисијата, Одлука за избор на најповолен понудувач во постапка со електронско јавно наддавање ќе се изготви по завршувањето на постапката која ќе се води по приговорот односно жалбата.

11. Во оваа постапка за давање во закуп на објектите на граничните премини, од страна на сите учесници задолжително се почитува следното:

-          Доколку најповолниот понудувач го потпишал договорот за закуп, но во периодот до солемнизација на договорот го извести закуподавачот дека го откажува договорот за закуп или не дојде на денот за солемнизирање на договорот, банкарската гаранција за сериозност не се враќа односно ќе се активира;

-          Доколку најповолниот понудувач кој последен ја наддал почетната цена за закуп на еден објект, не го прифати понудениот Договор за закуп, банкарската гаранција нема да му се врати односно ќе се активира;

-          За давање во закуп на објектите, меѓу Царинската управа и најповолниот понудувач се склучува договор за закуп кој се солемнизира кај   нотар на трошок на закупецот;

-          Во рок од 10 дена од потпишувањето на договорот од двете страни закупецот е должен да обезбеди банкарска гаранција за обврски од договорот (колона 9 од ДЕЛ А и колона 8 од ДЕЛ Б од овој оглас), на износ утврден од страна на Царинската управа, но не помал од пет (5) просечни месечни закупнини и пет (5) просечни режиски трошоци за соодветниот објект. Износот е гаранција за редовно подмирување на закупнина, режиски и други трошоци кои произлегуваат од договорот. Рок на важност на гаранцијата е пет (5) месеци повеќе од крајниот рок на договорот, со обврска за обновување по секое активирање од страна на Царинската управа;

-          Закупецот може во текот на важењето на договорот за закуп на објектот да обавува, како дополнителна дејност платен промет или менувачко работење, за што е потребно во рок од 30 дена по добивањето на потребните одобренија за работа за соодветната дејност, писмено да ја извести Царинската управа.

-          Времетраење на  договорот за закуп е 48 месеци.

-          Закупецот мора да започне со вршење на дејноста која ја пријавил во рок од 30 дена по потпишувањето на договорот од двете страни;

-          Закупените и заедничките објекти, како и блиското опкружување, закупецот е должен да ги употребува како добар домаќин и според нивната намена;

-          Режиските трошоци за објектот – струја, ел.енергија, греење, вода, ПТТ, изнесување на сметот до определеното место за собирање, заедничките трошоци, се на товар на закупецот;

-          Закупецот соодветно на својата дејност и намената, ја презема одговорноста за применување на сите законски прописи, како и ПП заштитата и трошоците за набавка на пропишаната ПП опрема во објектот;

-          Закупецот е должен на Царинската управа да и достави адреса за доставување на писма, и секое доставување на писмо од страна на Царинската управа на таа адреса ќе се смета за полноважно ако е извршено по пошта со препорачана пратка;

-          Закупецот е должен да ги извести Царинската управа и нотарот кај кој е солемнизиран договорот за секоја промена на седиштето, адресата, статусни и слични промени, банкарските сметки, отворен стечај на закупецот и слично;

-          Во случај на стечај, ликвидација и други случаи на престанок на вршењето на дејноста од страна на закупецот, истиот е должен веднаш да ги извести Царинската управа и нотарот кај кој е солемнизиран договорот, а договорот за закуп престанува да важи;

-          Закупецот не смее закупениот објект целосно или во делови да му го даде во закуп на друг (подзакуп), или според некој друг основ да го даде на употреба;

-          Закупецот не смее без писмена согласност од Царинската управа да врши измени на објектот (преградување, поправки, преправки и други инвестициони работи);

-          Закупецот е должен да ги надомести трошоците за штетите на објектот настанати по негова вина или поради небрижност;

-          Договорот за закуп ќе содржи извршна калузула – изрична изјава на закупецот дека е согласен врз основа на договорот кој се заверува кај нотар, непосредно да се спроведе присилно извршување  врз имотот на должникот заради наплата на доспеана, а неплатена закупнина и други трошоци и надоместоци определени со договорот, како и присилно иселување доколку договорот биде откажан, раскинат или престанал на друг  начин;

-          По престанокот на закупот по било кој основ закупецот е должен да и го врати на Царинската управа објектот, записнички, во исправна состојба а во согласност со отказниот рок;

-          Царинската управа може еднострано да го раскине договорот за закуп доколку:

а) закупецот во рок не започне или не ја врши дејноста за која се пријавил на наддавањето,

б) закупецот не се придржува кон договорот за закуп,

в) закупецот не ги плаќа во рок закупнината и режиските трошоци,

г) закупениот објект закупецот го издава на подзакуп,

д) закупецот престане да ги исполнува условите од овој оглас врз основа на кои е склучен договорот за закуп,

ѓ) објектот е потребен за обезбедување услови за непречено функционирање на државните органи на граничниот премин,

 

12. Контакт лица за информации:

               

Игор Трпевски, 070-392-964  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за граничен премин Блаце;

-    Ацо Божиновски, 070-360-493 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за граничен премин Табановце;

-    Перо Дејкоски, 070-357-931, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. за граничен премин  Блато.

 

 

Пријава за учество на јавно наддавање

Изјава