Директорот на Царинската управа Горан Сугарески заедно со директорот на Транспортната заедница на ЕУ, г. Матеј Зокоњшек, претставници од ЦУ и Асоцијацијата Макам-транс, денес беа во официјална работна посета на Граничниот премин Богородица.
Како продолжение на вчерашната средба, денес се разговараше околу соработката со грчките колеги, за подобрувањето и унапредувањето на работата на овој граничниот премин со цел да се овозможи непречен проток на патници и стока, како и за воспоставувањето на Зелени коридори на граничните премини со ЕУ.