Директорот на Царинската управа г. Сугарески и Директорот на Транспортната заедница на ЕУ, г. Зокоњшек денес одржаа работна средба на која присутствуваа и претставници на СИЗ Македонија сообраќај-Америт.

Целта на денешниот состанок беше запознавање на директорот со улогата на Транспортната заедница на ЕУ и нејзините приоритети, презентирање на начинот на досегашното функционирање и унапредување на зелените коридори и нивно проширување кон границите на ЕУ.

Царинската управа останува посветена на унапредување на економската соработка преку прифаќање на идејата за создавање на регионална економска област и ЕУ фондови за поддршка на инфраструктурата. Констатирано беше дека со проширувањето на зелените коридори кон ЕУ, протокот на стоки во и надвор од земјава дополнително ќе се забрза, а отворањето на дополнителни ленти ќе треба да  продолжи да се применува и понатаму. 

Тема на разговор беше и проширување на концептот на заеднички гранични контроли ONE STOP SHOP (контрола со само едно запирање) кој веќе е воспоставен на граничниот премин Табановце-Прешево со соседна Република Србија.

Од страна на претставниците на Царинската управа,  директорот на Транспортната заедница, господин Зокоњшек беше информиран дека планирано е ONE STOP SHOP да биде спроведен и на останатите соседски гранични премини.

Посебен акцент беше даден на отпочување на процес на дигитализацијата на транспортните документи, со што ќе се придонесе за забрзано одвивање на патниот и товарниот сообраќај на граничните премини.

Од страна на Транспортната заедница беше поздравена меѓусебната професионална соработка со Царинската управа која особено во време на пандемијата со Ковид 19 посветено работеше на интензивирање на соработката и подобрување на регионалната економска соработка. Работна средба ќе биде одржана и утре на граничниот премин Богородица каде што ќе се разгледува можноста за унапредување на работата на граничниот премин со цел да се овозможи непречен проток на патници и стока.

080620211
080620212
080620213
Previous Next Play Pause
1 2 3