Почитувни кандидати,

Царинската управа Ве известува дека на ден 27.05.2021 година со почеток во  11:50 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б,  е закажано повторното полагање (поправен испит) за вториот дел од испитот –студија на случајот.

-Право да го пријават и полагаат поправниот испит го имаат оние кандидати кои не го положиле вториот дел од испитот - студија на случајот и се упатуваат на поправен испит само за вториот дел.

Заинтересираните кандидати испитот го пријавуваат на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-ОБ.05.02 - Пријава за повторно полагање на стручен испит за лиценциран застапник.  Кликни тука

Во овој случај потребно е кандидатот да поднесе пријава за повторно полагање на стручен испит и да плати надоместок во износ од 3.000,00 денари.

Уплатата се врши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управ ул.„Лазар Личеноски“ 13,  1000 Скопје,

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: надоместок за полагање на втор дел од испитот – студија на случај за лиценциран застапник.

Пријавата заедно со уплатницата  се поднесува во архивата на Царинска управа адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.02.-OБ.05.02, започнувајќи од 04.05.2021 се до 19.05.2021 година.

-Исто така право да го полагаат вториот дел од испитот (студија на случај) го имаат и оние кандидати кои го положиле првиот дел од испитот (теоретски дел) но не се пријавиле да го полагаат вториот дел (студија на случај), односно по прв пат се пријавуваат да го полагаат вториот дел од испитот. Заинтересираните кандидати испитот го пријавуваат на образец 01.30.00.ПЦ.005.02-ОБ.04.02 - Пријава за полагање на стручен испит за лиценциран застапник.  Кликни тука

Сите кандидати кои ќе се пријават потребно е на денот на полагањето да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Правен факултет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Испитот ќе се спроведува согласно Протоколот прифатен од страна на главниот координативен штаб и тоа:

Доколку некој од кандидатите, пред почеток на испитот, има респираторни симптоми (покачена телесна температура, кашлица, отежнато дишење) да не присуствува на испитот, а го задржуваат правото да полагаат во некоја следна сесија.

Сите учесници (членови на комисија, кандидати за полагање, технички лица за спроведување на испитот и претставник од АЕК задолжително да носат заштитна опрема на денот на испитот и тоа: (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично) со која ќе биде покриен пределот на устата и носот од страна на сите учесници за цело времетраење на испитот.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.

 

ПРИЈАВА ЗА ПОВТОРНО ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК

 

БАРАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК