Одделението за истраги при Царинската управа на 23.03.2021година до Основното јавно обвинителство во Куманово поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во Крива Паланка, поради основано сомневање дека сторило кривично дело „Избегнување на плаќање акциза“ казниво по член 279-б од Кривичниот законик.

 

Станува збор за увезен необработен тутун во вкупна количина од 56.799 килограми, кој потоа е пуштен во промет во акцизното подрачје на незаконит начин, без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 102.238.200,оо денари .

Имено, се работи за пет увози на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на правното лице од Крива Паланка, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.