При денешната остварена посета на Царинската управа, регионалните царински аташеа на Република Франција г-дин Кристоф Бержон и г-дин Жулиен Отре го потврдија интересот за билатерална соработка. Во разговор со раководителите на службите за меѓународна соработка и контрола и истраги, беа потенцирани областите во кои има неопходност за заеднички активности во иднина.

Колегите од Франција се запознаа со организацијата на нашата Царинска служба и ги сослушаа приоритетните наши потреби за техничка помош и поддршка во стручното оспособување, особено за цели на воведување на нови современи методи на спроведување на контрола и разоткривање на нелегални операции.

Претставниците на Царинската управа изразија задоволство досегашната техничката и експертска помош која Република Франција и нејзината Царинска служба подолго време ја обезбедувааат. На средбата се потенцираше важноста на заедничко ангажирање на двете служби, со цел поголеми успеси  во извршувањето на мисијата на Царинската управа.

1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3