Директорот на Царинска управа г.Сугарески, денес оствари работна посета на граничниот премин Блаце, каде имаше можност да се сретне со управникот на Царинарница Скопје, шефот и царинските службеници на царинската испостава Блаце.

Директорот посетата ја искористи да се информира како измина првиот ден од воведувањето на новите мерки (забрана за движење во период од 22ч – 05ч) донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија за справување со коронавирусот и да им изрази поддршка на царинските службеници кои во изминатиот период, во време на отежнати услови покажаа исклучително високо ниво на посветеност и професионалност.

За време на работната посета, управникот на Царинарница Скопје и шефот на царинска испостава Блаце, го информираа директорот и за тековните активности и капацитетите на овој граничен премин, што воедно е и еден од најфреквентните гранични премини.

Директорот Сугарески при посетата пред царинските службеници ја потенцира неговата заложба да бидеме посветени кон борбата против криминалот и корупцијата, точка која е високо ставена и на приоритетната листа на Владата на Република Северна Македонија, притоа нагласувајќи дека човечкиот фактор е клучен при преземањето и спроведувањето на ефективни мерки за борбата против корупцијата.

2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5