Во текот на изминатите два месеци, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани лекови, накит, облека, обувки, техничка стока, хемиски препарати, цигари, возила со бункери, регистарски таблички, девизи, фалсификати, часовници, пури и делови за велосипеди.

Привремено се задржани:

Лекови

- 2.468 таблети (Coraspin, Novartis, Tensart Plus, Penalginе, Profenid, Etol Fort), 124 капсули (Lansor и Enfluvir) и 5 креми (Bengay Merhem), откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на косовски автомобил, управуван од турски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените лекови, пронајдени под возачкото седиште и во личниот багаж, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.  

Облека, обувки и накит

- 1 рачен часовник, 23 парчиња накит (обетки, синџирче, прстени и нараквица), 14 пара обувки (чевли и чизми) и 9 јакни, откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на британски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во две картонски кутии сместени во багажниот простор на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

- 254 парчиња облека, откриени во три одвоени случаи при контрола на три патнички возила пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, при контрола на  македонски автомобил со кој за влез во државата се пријавиле двајца македонски државјани, во багажникот на возилото биле пронајдени 187 парчиња машка и женска облека (панталони, блузи, маици, шорцеви, фустани, кошули и друго), за кои возачот изјавил дека се негова сопственост.

Во вториот случај, при контрола на бугарски автомобил управуван од македонски државјанин, во багажникот на возилото биле пронајдени 112 парчиња облека (блузони, дуксери, маици, тренерки, фустани, фармерки и панталони).

Во третиот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, позади задното седиште и во багажникот на возилото биле пронајдени 67 машки јакни.

Во сите три случаи непријавените производи биле привремено задржани, а против сопствениците се поведени соодветни постапки.

Накит

- 53 парчиња женски накит (синџирчиња, белегзии, обетки, прстени, плочки и брош) и една кесичка со циркони, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на багажот на британски државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

Техничка стока

- 10 парчиња делови за автоперална (мотор, пумпа и држачи), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи, пронајдени помеѓу предните и задните седишта и во багажниот простор, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Хемиски препарати

- 760 литри концентрат за безконтактно миење (38 пластични туби), откриени при контрола на стока со потекло од Бугарија, наменета за увозник од Кочани, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Делчево-отсек за стоково царинење. Производите, кои не биле опфатени со увозната царинска декларација, се привремено задржани, а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Цигари

- 28 штеки цигари EVA и Pall Mall, со македонски акцизни маркички, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на чекираниот багаж на српски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Малме. Непријавените цигари се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Возила со бункери и регистарски таблички

- 1 патничко возило и 1 полуприколка со бункери, откриени во два одвоени случаи од мобилните царински тимови.

Во првиот случај, во соработка со Министерството за внатрешни работи, била извршена контрола на бугарски камион управуван од македонски државјанин. Притоа, во предниот дел на полуприколката бил откриен преграден дел погоден за криумчарење, кој во моментот на контролата бил празен. 

Во вториот случај, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село, биле пронајдени три празни бункери, од кои два во подот под предните седишта  и еден во багажниот простор.

Полуприколката и автомобилот се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочни постапки.

- бугарски регистарски таблички и свидетелство за регистрација на патничко возило марка Mercedes 200 D, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Делчево. Возачот, кој воедно бил сопственик на возилото на кое припаѓале пронајдените таблички, изјавил дека табличките ги враќа во Бугарија затоа што сакал да го продаде возилото во отпад. Со таквата постапка возилото би било пуштено во слободен промет без да биде спроведена пропишана царинска постапка и без да бидат платени увозни давачки. Табличките и свидетелството се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Девизи

- 17.000 британски фунти и 10.000 евра, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на куферот на  албански државјанин кој допатувал со лет од Лондон. Патникот пријавил дека со себе носи 50.000 фунти и 10.000 евра, но при контрола на неговиот куфер биле пронајдени 67.000 фунти и 20.000 евра. Пријавените 50.000 фунти и 10.000 евра му се вратени, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 60 мобилни телефони со ознаки на заштитена трговска марка, откриени во царинската испостава Аеродром Скопје-оттсек за стоково царинење, при контрола на пратка од Хонг Конг наменета за физичко лице од Косово. Поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, телефоните се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Часовници и пури

- 2 рачни часовници, марка HUBLOT CLASSIC FUSION  и Apple Watch, и 69 пури од марките TABACALERA PERDOMO, ASHTON и OLIVA,  откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патните торби на  македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. Непријавените производи се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Делови за велосипеди

- 63 делови за велосипеди (полначи за електрични велосипеди, пластични осовини, средни осовини и алуминиумски цевки), откриени при контрола на швајцарски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Avtomobil so bunker, mobilna
Avtomobil so bunker, mobilna
Casovnici, puri,Aerodrom SK
Casovnici, puri,Aerodrom SK
Cigari, Aerodrom SK
Cigari, Aerodrom SK
Delovi za velosipedi, Tabanovce
Delovi za velosipedi, Tabanovce
Devizi, Aerodrom SK
Devizi, Aerodrom SK
Hemiski preparati, Delcevo
Hemiski preparati, Delcevo
Lekovi, mobilna
Lekovi, mobilna
Nakit, Aerodrom SK
Nakit, Aerodrom SK
Obleka 1,Tabanovce
Obleka 1,Tabanovce
Obleka, obuvki i nakit, mobilna
Obleka, obuvki i nakit, mobilna
Poluprikolka so bunker, mobilna
Poluprikolka so bunker, mobilna
Tehnicka stoka, Kjafasan
Tehnicka stoka, Kjafasan
Сл.2 тутун за пушење и фреон
Сл.2 тутун за пушење и фреон
Сл.7 тутун за пушење и фреон
Сл.7 тутун за пушење и фреон
Сл.8 тутун за пушење и фреон
Сл.8 тутун за пушење и фреон
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15