Почитувани кандидати,

Царинската управа ве известува дека во период од 15.02.2021 до 26.02.2021 година, можете да ги поднесувате и доставувате вашите Барања за полагање на прв дел (теоретски дел) од стучен испит за лиценциран застапник, во архивата на Царинска управа на адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово, на образец 01.30.00.ПЦ.005.01.-OБ.04.01, кој можете да го најдете на link.

I.Кандидатите кои ја имаат посетено претходната обука и по прв пат поднесуваат барање за полагање на прв дел (теоретски) од стручниот испит за лиценциран застапник, задолжително кон барањето треба да ги поднесат следниве документи:

1.Диплома за завршено најмалку средно образование (во оригинал или фотокопија заверена на нотар),

2. Доказ за работно искуство од најмалку една година во областа на царинското работење (во оригинал или фотокопија заверена на нотар). 

3.Сертификат за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор член на здружението ALTE на европски тестатори или уверение од меѓународна институција А1 (А1) ниво на ЦЕФР ((CEFR), односно ФЦЕ, БУЛАТС; или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат (во оригинал или фотокопија заверена на нотар),

4.Уверение за посетена претходна обука за лиценциран застапник (само во фотокопија) и

5.Административна такса од 50 денари и 500 денари за изработка на одлука -Решение за исполнети услови за полагање стручен испит за лиценциран застапник.

II.Право да поднесат пријава и да го полагаат првиот дел од испитот (теоретски дел) имаат и оние кандидати кои во претходните сесии не успеале да го положат испитот во целост. За секое понатамошно полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, согласно Правилникот, се наплаќа надоместок во износ од 6.000,00 денари. Овие кандидати поднесуваат само пријава на образец 01.30.00.ПЦ.005.01.-ОБ.05.01 и уплатница од 6.000,00 денари. Link

Уплатата за сите кандидати се врши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управ ул. „Лазар Личеноски“ број 13,  1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: за административна такса и изработка на одлука за лиценциран застапник.

По завршување на рокот за пријавување, Царинската управа ќе ги разгледа доставените документи и на својата веб страна, ќе објави список на кандидати кои ги исполнуваат условите за да го полагаат испитот.

Полагањето на стручниот испит за лиценциран застапник е закажано за 08.03.2021 година со почеток во 13:50 часот во просториja број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б.

Сите кандидати на денот на денот на полагањето на испитот, со себе да носат и лична карта заради нивна идентификација.

Пожелно е кандидатите да бидат дојдени на договореното место (Правен факултет Скопје) 15-20 минути пред закажаниот термин, заради спроведување на формалностите.

Царинската управа го задржува правото на промена на предвидениот термин  за полагање на испитот за лиценциран застапник, во случај на настанување на непредвидени околности.

ПРИЈАВАЗА ПОВТОРНО ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК

БАРАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК