Денес во просториите на Царинската управа на Република Северна Македонија се одржа протоколарна средба меѓу директорот на Царинската управа, г-дин Горан Сугарески со г-ѓа Ема Харпер, претставник на Британската Амбасада во Скопје.

Средбата беше иницирана од страна на Британската Амбасада во Скопје со цел запознавање со новиот директор на Царинската управа, а акцентот  беше ставен на досегашната успешна соработка помеѓу македонската и британската Царина.

Г-ѓа Ема Харпер го информираше директорот Сугарески за идните планови за соработка меѓу царинските служби.

Директорот на Царинската управа и претставникот од Британската Амбасада изразија подготвеност за зајакнување на соработката за царинските прашања и постојана взаемна комуникација на сите нивоа.

 

1
1
2
2
Previous Next Play Pause
1 2