Денес, 18 јануари 2021 година, во Царинската управа беше извршено примопредавањето на должноста директор на Царинската управа каде новоназначениот директор Горан Сугарески официјално ја презема должноста од неговиот претходник Ѓоко Танасоски.

Танасоски на примопредавањето го информираше Сугарески за делокругот на работа како и за проектите и активностите на Царинската управа, и истовремено му посака успех во продолжувањето на мисијата да ги заштитиме финансиските интереси и општеството, истовремено поддржувајќи го економскиот развој преку соработка, олеснување и модернизација.

Истакнувајќи дека веќе е запознат со предизвиците, тековните и идните проекти на Царинската управа, новоименуваниот прв човек на Царината Сугарески пред вработените ја потврди својата заложба за важноста на реализирањето на стратешките цели во оваа област и особено постигнувањето на понатамошни успеси со цел да бидеме водечка Царинска управа во регионот целосно усогласена со стандардите на ЕУ.