Со цел информирање и потсетување на заинтересираните кандидати за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит, повторно ја објавуваме содржината објавена на 24.11.2020 година.
Царинската управа на Република Северна Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок најдоцна до 15.1.2021 година.
Претходната обука за полагање на стручен испит за лиценциран застапник ќе се одржи во Скопје, во Централната управа (стар објект) на ден 20, 22, 26 и 28 јануари 2021 година. Царинската управа врз основа на пријавениот број на кандидати обуката ќе ја одржи во согласност со Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари од Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус COVID-19 (Сл.весник бр.123/20), или со далечинско учење.
За начинот на одржување на претходаната обука како и за часот на започнување на предавањата кандидатите ќе бидат навремено известени.
Царинската управа го задржува правото за измена на терминот за одржување и распоредот на претходната обука, а за сите измени кандидатите ќе бидат навремено известени.
Согласно член 5 став 1 и 2 од Правилникот за програмата за спроведување на претходната обука за лиценциран застапник, висината на надоместоците за полагање на стручниот испит и за посетување на претходна обука за лиценциран застапник, програмата за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит за лиценциран застапник, програмата за спроведување на дополнителната обука за лиценциран застапник и висината на надоместокот за посетување на дополнителната обука за лиценциран застапник, е предвидено дека претходната обука се спроведува според Програмата за спроведување на претходна обука за лиценциран застапник и дека за посетување на претходната обука и за полагање на стручен испит за лиценциран застапник по прв пат се наплаќа надоместок во износ од 16.000,00 денари.
Уплатата може да се изврши на следната сметка:
Примач: Министерство за финансии – Царинска управа
Лазар Личеноски 13, 1000 Скопје
Банка на примач: НБРМ
Сметка: 100-0000000630-95
Сметка на буџетски корисник: 090030017578714
Приходна шифра и програма: 725939 20
Цел на дознака: Посета на претходна обука за кандидат – (Име и Преземе на кандидатот)
Сите кандидати кои планираат да ја посетуваат претходната обука потребно е да достават:
1.ПРИЈАВА за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит и
2.Доказ за уплатени средства во архивите на: Царинската управа и царинарниците Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово.
Пријавата може да ја најдете тука.
Рок за доставување на пријавите: до 15. 1.2021 година
Претходната обука ќе се одржи според следниов распоред:
Распоред за претходна обука
Ред. број | Тема на обуката | Датум |
1. | Царински формалности за ставање на стока на увид на царински органи | 20.01.2021 |
2. | Спроведување на транзитна постапка | 20.01.2021 |
3. | Царински дозволено постапување или употреба на стока | 20.01.2021 |
4. | Царински постапки | 22.01.2021 |
5. | Изготвување и употреба на царинска декларација | 22.01.2021 |
6. | Вредност на стоката за царински потреби | 22.01.2021 |
7. | Царинска тарифа | 26.01.2021 |
8. | Потекло на стока | 26.01.2021 |
9. | Даноци, акцизи и даночна политика | 26.01.2021 |
10. | Нетарифни мерки и мерки на трговска политика | 28.01.2021 |
11. | Транспорт и транспортно осигурување | 28.01.2021 |
12. | Шпедитерско работење | 28.01.2021 |
Листата на кандидати кои ќе земат учество на обуките според термините на одржување, ќе биде дополнително објавена на интернет страната по завршувањето на рокот за пријавување.
За терминот и местото на одржување на стручниот испит за лиценциран застапник прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатот, дополнително и навреме ќе бидете известени.
Сите дополнителни информации можете да ги добиете на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.