Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи  Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15,  27/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19 и 267/20)  в.в. со член 14, член  22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14,  27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19 и 14/20), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 02-017435/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0004 од 27.10.2015 година, број 04-065421/15-0012 од 21.06.206 година, 04-065421/15-0041 од 25.06.2019 година, Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0007 од 25.02.2016 година број 01-065421/15-0013 од 21.06.2016 година, број 04-065421/15-0035 од 09.07.2018 година, број 04-065421/15-0040 од 25.06.2019 година и 04-065421/15-0048 од 21.11.2019 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-8963/2 од 23.12.2020 година Царинската управа  објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 4/2020

за вработување на 119 (сто и деветнаесет ) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2021)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 119 (сто и деветнаесет) извршители на определено време до крајот на тековна фискална година (2021):

  1. Советник за односи со јавност во Служба за односи со јавност во Одделение кабинет на директорот, 1 извршител.
  2. Оператор во Служба за кореспонденција и административно технички и организациски работи во Одделение кабинет на директорот, 2 извршители.
  3. Шеф на служба за проекти и стратегиjа во Служба за проекти и стратегија во Одделение за меѓународна соработка, проекти и европска интеграција, 1 извршител.
  4. Советник за проекти и стратегија во Служба за проекти и стратегија во Одделение за меѓународна соработка, проекти и европска интеграција, 1 извршител.
  5. Самостоен советник за заштита на правата од интелектуална сопственост во Служба за заштита на правата од интелектуална сопственост во Одделение за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост во Сектор за акцизи, 1 извршител.
  6. Самостоен советник – аналитичар во Служба за аналитика и статистика во Одделение за управување со ризици во Сектор за контрола и истраги, 1 извршител.
  7. Инспектор за финансиски истраги во Служба за финансиски истраги во Одделение за истраги во Сектор за контрола и истраги, 1 извршител.
  8. Администартивен оператор за спроведување на обуки во Одделение за обуки во Сектор за управување со човечки ресурси, 1 извршител.
  9. Самостоен советник за сметководство во Служба за сметководство и плаќање во Одделение за финансии и сметководство во Сектор за финансиски прашања, 1 извршител.
  10. Самостоен советник за плаќање во Служба за сметководство и плаќање во Одделение за финансии и сметководство во Сектор за финансиски прашања, 1 извршител.
  11. Административен оператор книговодител во Служба за сметководство и плаќање во Одделение за финансии и сметководство во Сектор за финансиски прашања, 1 извршител.
  12. Административен оператор во Служба за присилна наплата во Одделение за наплата на приходи во Сектор за финансиски прашања, 1 извршител.
  13. Административен оператор за тековно одржување на објекти во Одделение за инвестиции и одржување во Сектор за административни и технички работи, 1 извршител.
  14. Самостоен советник за раководење со проекти во Служба за развој во Одделение за програмирање и развој во Сектор за информатичкии комуникациски технологии, 1 извршител.
  15. Советник за апликативна поддршка во Служба за корисничка поддршка во Одделение за апликативна поддршка во Сектор за информатичкии комуникациски технологии, 1 извршител.
  16. Виш цариник во царинска испостава Скопје 1 во Царинарница Скопје, 4 извршители.
  17. Цариник во царинска испостава Скопје 1 во Царинарница Скопје, 4 извршители.
  18. Виш цариник во царинска испостава Скопје 2 во Царинарница Скопје, 1 извршител.
  19. Цариник во царинска испостава Скопје 2 во Царинарница Скопје, 3 извршители.
  20. Виш цариник во царинска испостава Скопје 3 во Царинарница Скопје, 2 извршители.
  21. Цариник во царинска испостава Скопје 3 во Царинарница Скопје, 2 извршители.
  22. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје во Царинарница Скопје, 4 извршители.
  23. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје во Царинарница Скопје. 1 извршител.
  24. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Блаце во царинарница Скопје, 6 извршители.
  25. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Блаце во царинарница Скопје, 1 извршител.
  26. Цариник во царинска испостава Јажинце во царинарница Скопје, 1 извршител.
  27. Виш цариник во царинска испостава Тетово во Царинарница Скопје, 1 извршител.
  28. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово, 3 извршители.
  29. Цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово, 1 извршител.
  30. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово, 6 извршители.
  31. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Деве Баир во Царинарница Куманово, 1 извршител.
  32. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Деве Баир во Царинарница Куманово, 1 извршител.
  33. Самостоен советник за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во Царинарница Штип, 2 извршители.
  34. Виш цариник во царинска испостава Штип воЦаринарница Штип, 1 извршител.
  35. Виш цариник во царинска испостава Велес во Царинарница Штип, 1 извршител.
  36. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Делчево во Царинарница Штип, 3 извршители.
  37. Виш цариник во царинска испостава Гевгелија во Царинарница Гевгелија, 4 извршители.
  38. Цариник во царинска испостава Дојран во Царинарница Гевгелија, 1 извршител.
  39. Виш цариник во царинска испостава Струмица во Царинарница Гевгелија, 2 извршители.
  40. Виш цариник во царинска испостава Кавадарци во Царинарница Гевгелија, 1 извршител.
  41. Цариник во царинска испостава Богородица во Царинарница Гевгелија, 6 извршители.
  42. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Ново Село воЦаринарница Гевгелија, 2 извршители.
  43. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Ново Село во Царинарница Гевгелија, 1 извршител.
  44. Виш цариник во царинска испостава Битола во Царинарница Битола, 2 извршители.
  45. Цариник во царинска испостава Битола во Царинaрница Битола, 1 извршител.
  46. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Меџитлија во Царинарница Битола, 3 извршители.
  47. Водител на смена во отсек за патнички промет во царинска испостава Меџитлија во Царинарница Битола, 1 извршител.
  48. Цариник воотсек за патнички промет во царинска испостава Меџитлија во Царинарница Битола, 1 извршител.
  49. Виш цариник во царинска испостава Прилеп во Царинарница Битола, 2 извршители.
  50. Цариник во царинска испостава Стење во Царинарница Битола, 2 извршители.
  51. Цариник во царинска испостава Аеродром Св.Апостол Павле- Охрид во Царинарница Битола, 2 извршители.
  52. Виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Ќафасанво Царинарница Битола, 1 извршител.
  53. Водител на смена во отсек за патнички промет во царинска испостава Ќафасанво Царинарница Битола, 1 извршител.
  54. Цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Ќафасан во Царинарница Битола, 3 извршители.
  55. Водител на смена во царинска испостава Блато во Царинарница Битола, 1 извршител.
  56. Цариник во царинска испостава Блато во Царинарница Битола, 2 извршители.
  57. Цариник во царинска испостава Свети Наум во Царинарница Битола, 3 извршители.
  58. Виш цариник во царинска испостава Струга во Царинарница Битола, 1 извршител.
  59. Наплатувач на гранични премини за царинарница Скопјево Служба за управување со гранични премини за Царинарници Скопје во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 2 извршители.
  60. Наплатувач на граничен премин за царинарница Куманово во Служба за управување со гранични премини за Царинарници Куманово во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 3 извршители.
  61. Наплатувач на граничен премин за царинарница Штип во Служба за управување со гранични премини за царинарници Штип во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 1 извршител.
  62. Наплатувач на граничен премин за царинарницаГевгелија во Служба за управување со гранични премини за Царинарници Гевгелија во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 3 извршители.
  63. Наплатувач на граничен премин за царинарница Битола во Служба за управување со гранични премини за Царинарници Битола во Одделение за управување со гранични премини во Сектор за административни и технички работи, 2 извршители.

 

Општи услови за сите работни места:

-       да е државјанин на Република Северна Македонија,

-       активно да го користи македонскиот јазик,

-       да е полнолетен,

-       да има општа здравствена способност за работното место и

-       со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Советник за односи со јавност

-  ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехрамбени производи и текстилна технологија, наука за книжевност и наука за јазикот (лингвистика),

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

-  најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Оператор

-  ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-  најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Шеф на служба за проекти и стратегија

-  ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен,  Економски науки, правни науки, наука за книжевност и наука за јазикот (лингвистика),

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-  најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Советник за проекти и стратегија

-  ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, организациони науки и управување (менаџмент),

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

-  најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.  

Посебни услови за работно место: Самостоен советник за заштита на правата од интелектуална сопственост, Самостоен советник – аналитичар, Самостоен советник за царински надзор.

-  ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија,

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

-  најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Инспектор за финансиски истраги

-  ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-  без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Самостоен советник за сметководство, Самостоен советник за плаќање,

-  ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки,

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

-  најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Самостоен советник за раководење со проекти

-  ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), компјутерска техника и информатика, информатика, телекомуникационо инжинерство,

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

-  најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Советник за апликативна поддршка

-  ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), компјутерска техника и информатика, информатика, телекомуникационо инжинерство,

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

-  најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Административен оператор

-  ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-  најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Водител на смена

-  Ниво на квалификации: завршено VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија,

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-  најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.

Посебни услови за работно место: Виш цариник

-  нивоа на квалификации: завршено VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехранбени производи и текстилна технологија,

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-  без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Цариник

-  ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,

-  активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

-  без работно искуство.

Посебни услови за работно место: Наплатувач

-  ниво на квалификации: Гимназиско или средно стручно образование,

-  без работно искуство.

Кандидатите  потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

-  Доказ за државјанство;

-  Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);

-  Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек, или за средно образование – сите свидетелства (од прва до четврта година) и диплома за завршено средно образование;

-  Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

-  Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);

-  Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија-само за работните места каде што се бара работно искуство).

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот

Работно време на гранични царински испостави 12:24:12:48

Паричен износ на основна нето плата за работно место: шеф на служба за проекти – 35.826,00 денари, самостоен советник за заштита на права од интелектуална сопственост, самостоен советник – аналитичар, самостоен советник за сметководство, самостоен советник за плаќање и самостоен советник за цариннски надзор – 34,114.00, самостоен советник за раководење со проекти – 37.538,00 денари, советник за односи со јавност, советник за проекти и стратегија и советник за апликативна поддршка – 32.391,00 денари, инспектор за финансиски истраги – 28.967,00 денари, водител на смена - 35.173,00 денари, виш цариник – 32.729,00 денари, цариник 24.336,00 денари, оператор – 28.967,00 денари, административен оператор – 25.543,00 денари и наплатувач – 17.843,00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2021 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно најдоцна до 29.12.2020 година (вторник).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа  или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 4/2020“). Контакт телефонски број 02 3116 188  Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.

  

Пријава за вработување