Членките на ЦЕФТА оваа година со комбинирани активности ја одбележуваат „Неделата посветена на CEFTA“.  На конференцијата која се одржа денес, 17 декември, се даде осврт на сите активности кои се презедоа за справување со предизвиците од  пандемијата со Ковид -19,  со цел да се намали неизвесноста и опаѓањето на економските активности. Во текот на 2020 година, за време на претседавањето на Босна и Херцеговина со ЦЕФТА се вложија напори од сите членки, се пројавија значителни иницијативи, кои покажаа сериозни резултати во справување со кризата. На конференцијата уште еднаш беше истакнато значењето на зелените коридори кои беа воведени на иницијатива на Царината на Република Северна Македонија и кои како навремено препознаена ефкасна мерка допринесоа за закрепнување и оживување на трговската размена.

Директорот Танасоски во својот настап како панелист на првата панел дискусија посветена на „Регионална економска соработка: Пресвртница во справувањето на регионот со Ковид-19 и одредница за трајно економско закрепнување”, даде осврт на имплементацијата и значењето на „зелените коридори“ за регионот, како и можностите за понатамошно олеснување на трговијата на регионално ниво. Во своето обраќање директорот даде осврт и на придобивките наменети за економските оператори од спроведување на регионалната стратегија за управување со ризици.

Што се однесува до регионот, амбициозни потфати претстојат и во блиска иднина, особено преку активностите што ќе бидат превземени  во рамки на Акциониот план за Заеднички регионален пазар 2021-2024 . Заедничкиот регионален пазар обезбедува многукратни придобивки:

  • конкурентност на цена
  • патување, студирање и водење бизнис во регионот на полесен начин и без бариери
  • зголемување на бројот на работни места
  • интегриран пазар за 18 милиони луѓе кој ќе биде поконкурентен на сцената на ЕУ и на глобално ниво
  • дополнителен раст за регионот

Конференцијата е можност за размена на мислења за идниот развој на регионот. Заклучоците кои ќе произлезат ќе бидат опфатени и во следните работни програми на органите на ЦЕФТА.  

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
6
6
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6