Во тек е одржување на 20-от состанок на Поткомитетот за царина и правила на потекло, кој како структурна единица на CEFTA (Договор за слободна трговија за земјите од Централна Европа) тежнее да се обезбеди поедноставување и забрзување на царинските постапки.

Членовите на Поткомитетот – царински администрации на CEFTA страните се состануваат со цел да отворат расправа за примената на ревидираната Регионалната конвенција за пан-евро-медитеранските преференцијални правила (PEM Convention), како и да ги разгледаат можностите за проширување на кумулацијата на потекло со измени на договорите за слободна трговија со Европската унија, Европската асоцијација за слободна трговија (EFTA) и Турција.

На состанокот се дискутира и за последиците по кумулација на потекло како резултат на излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија, взаемно признавање на одобренијата за Овластен економски оператор, унапредени функции на Системот за Систематска електронска размена на податоци (Systematic Electronic Exchange od Data - SEED) и донесување на Одлука за размена на податоци во реално време.

Останува посветеноста и во дефинирање на стратешките определби и делувања во домен на управување со ризик во следните четири години, спроведување на проектот за прекугранична електронска трговија, конкретни активности за заеднички регионален пазар.

Во исцрпното продлабочено разгледување на постигнатиот напредок, тековните активности и предизвиците кои се пројавуваат и ќе претстојат во иднина, се презентираа и следните чекори за проширена примена на „зелените коридори“ кон границите на ЕУ.

Со состанокот претседава Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа на Република Северна Македонија. Во уводното негово обраќање беа потенцирани заложбите за олеснување на трговијата, со осврт кон неодамнешната средба на лидерите од Западен Балкан, одржана на 10-ти ноември во Софија на Самиот за Западен Балкан, во рамки на иницијативата за Берлинскиот процес каде беше усвоена Декларација за заеднички регионален пазар, која го трасира патот за продлабочување на регионалната економска интеграција и одредува контури за идниот единствен пазар на ЕУ. 

1
1
2
2
3
3
4
4
5
5
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5