Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија девет илегални мигранти и повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани девизи, производи за нега на заби и лице, домашна ракија, ароматизиран тутун за наргиле, цигари и автоделови.

Притоа привремено се задржани:

Девизи и производи за нега на заби и лице

- 15.000 евра, 328 производи за нега на заби (сетови за избелување, четки, гелови и пудри) и 7 производи за нега на лице (маски и средства за потемнување на кожа), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на германски автомобил со кој за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат, се пријавиле двајца германски државјани. Производите за нега на заби и лице биле пронајдени во багажникот и на задното седиште на возилото, додека во рачна торбичка сокриена под совозачкото седиште биле пронајдени 35.000 евра, за кои патниците изјавиле дека се по половина сопственост на едниот и другиот патник. Согласно законските прописи, на патниците им биле вратени по 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, додека непријавените производи и 15.000 евра биле привремено задржани. Против патниците се поднесени барања за поведување прекршочни постапки.

Ракија, тутун и цигари

- 480 литри домашна лозова ракија и 40 литри домашна мастика, откриени од страна на полициски службеници од СВР Велес, при контрола на македонско патничко комбе управувано од македонски државјанин. Пронајдената ракија била предадена на мобилните царински тимови за понатамошна постапка. Поради тоа што лицето не е регистрирано како земјоделец-мал производител на алкохолни пијалоци, ракијата е привремено задржана, а против сопственикот ќе биде поднесено барање за поведување прекршона постапка.

- 100 килограми ароматизиран тутун за наргиле (100 пакувања по 1 килограм), откриени при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Дел од пакувањата со тутун биле пронајдени во багажникот, кај просторот за резервна гума, покриени со облека, а дел во кеси од храна за кучиња сместени под возачкото и пред совозачкото седиште и покриени со облека. Непријавениот тутун е привремено задржан, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.  

- 43 штеки цигари со косовски акцизни маркички, откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје во соработка со службата за безбедност на ТАВ, при контрола на чекираниот багаж на шведски државјанин со потекло од Косово, кој имал намера да отпатува со лет за Гетеборг. Непријавените цигари, се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

- 20 штеки цигари PS и Davidoff без акцизни маркички, откриени при контрола на празен македонски камион управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на  граничниот премин Богородица. Непријавените цигари, пронајдени во кеси сместени на горниот кревет и во фиоката под долниот кревет во кабината на камионот, се привремено зедржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Автоделови и цигари

- 11 парчиња автоделови и 2 штеки цигари Muratti, откриени при контрола на  македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени на долниот кревет во кабината на камионот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Мигранти

Мобилните царински тимови откриле 9 илегални мигранти во босански камион, паркиран во јавен царински склад во Скопје. Откако возачот на камионот, босански државјанин, пријавил во складот дека слушнал повици за помош кои доаѓале од внатрешноста на приколката, биле известени мобилните царински тимови. При извршената контрола на приколката, во внатрешноста биле пронајдени 9 лица, од кои, според нивните изјави, четворица биле авганистански државјани, четворица сириски државјани и еден ирански државјанин. Илегалните мигранти биле предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. 

Avtodelovi i cigari, Bogorodica
Avtodelovi i cigari, Bogorodica
Cigari, Aerodrom SK
Cigari, Aerodrom SK
Cigari, Bogorodica
Cigari, Bogorodica
Devizi, mobilna
Devizi, mobilna
Migranti, mobilna
Migranti, mobilna
Rakija, mobilna
Rakija, mobilna
Sredstva za nega na zabi,mobilna
Sredstva za nega na zabi,mobilna
Tutun za nargile, Kjafasan
Tutun za nargile, Kjafasan
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8