Денес, 27ми февруари 2019 година, во организација на програмата EXBS на Амбасадата на САД започна обука - тридневен курс за попречување нелегални активности со патнички возила.
Курсот e наменет за царински и полициски службеници на граничен премин, граничнита полиција и инспектори од мобилните тимови кои запираат возила и вршат претрес на сомнителните возила и возачи.
Покрај обука во училница, курсот се состои и од практични вежби, а ќе се дискутира и за прашања поврзани со начини на попречување нелегални активности во патнички сообраќај и размена на информации за решавање на предизвиците со кои секојдневно се соочуваме при работењето, што несомнено доведува до поголема ефикасност во овој сегмент на царинското работење.
Директорот на Царинска управа, М-р Ѓоко Танасоски го отвори настанот со воведно обраќање кон присутните гости и учесници, при што ја истакна важноста на темата на овој курс како и посветеноста на Царинската управа за подобрување на своите капацитети и квалитетот на работа. Тој истакна дека за да се обезеди поголема сигурност на границата, Царинската управа постојано работи на подобрување на методологиите и способностите врз основа на анализа на ризик. Исто така, упати благодарност до Амбасадата на САД и експертите од EXBS програмата за нивната поддршка.
Курсот ќе трае до 01ви март 2019 година.