Денес  (14.02.2019 година) во просториите на Царинската управа беше остварена протоколарна средба помеѓу директорот и претставници на раководството на Царинската управа и амбасадорот на Репубублика Франција, Н.Е. Кристиан Тимоние со неговите соработници. 

На средбата беа истакнати придобивките од досегашната успешна  билатерална соработка помеѓу царинските служби на двете земји. По презентирање на претстојните приоритетни и стратешки активности кои ги презема Царинската управа, беа разменети предлози во насока на надградба на воспоставената соработка. 

Дефинирано беше соработката да се зајакнува во областа на обуките, размената на податоци за спречување на корупцијата, како и борбата против организираниот криминал. 

 

DSCN8970
DSCN8970
DSCN8972
DSCN8972
DSCN8973
DSCN8973
Previous Next Play Pause
1 2 3