Поради големиот интерес за функционалностите на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) Царинската управа организира дополнителен работен состанок.

Целта на овој состанок е присутните практично да се запознаат со функционалностите на СОЦДАД. Состанокот ќе се одржи на 16. 02. 2019 година (сабота) во компјутеската предавална на Економски факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методија во Скопје (Адреса: бул. Гоце Делчев бр.9В 1000 Скопје).

Се повикуваат сите економски оператори кои спроведуваат царински постапки во пилот испоставите да се пријават најдоцна до 16.02.2019 година (петок) до 12,00 часот на следната електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Поради интересот пријавувањето ќе биде по принципот прв дојден прв услужен (максимум по двајца кандидати од еден економски оператор).

Воедно Ве информираме дека дополнително се планирани обуки за СОЦДАД и информациите за распоредот и локација на одржување на истите ќе бидат благовремено објавени.