Во периодот од 21-23 јануари, 2019 година во официјална посета на Царинската управа на Република Македонија престојуваше делегација од Царината на Република Кореја, која оствари средби со менаџментот на Царинската управа.

Целта на посетата беше да се изврши физибилити студија за анализа на состојбите, со цел да се утврдат слабостите и потребите во Царинската управа, во насока на градење на капацитетите. 

Царината на Република Кореја која е широко позната по својот технолошки напредок и бројните награди на полето на електронските достигнувања, нуди можност за учество на ЦУРМ во тесната конкуренција за избор на царинска служба со која ќе склучи договор за реализација на Проект за пружање стручна помош  во градењето на капацитети во областа на контролата на брзите пратки, откривањето на нелегалните финансиски текови како и анализата на ризик застапена во е-трговијата. 

Image-1 (1)
Image-1 (1)
Image-1 (2)
Image-1 (2)
Image-1
Image-1
Previous Next Play Pause
1 2 3