По повод 26 - ти јануари, Меѓународниот ден на Царината, кој годинава се одбележува под мотото "Паметни граници за непречена трговија, патување и транспорт", со кое се охрабруваат  членките на Светската царинска организација (СЦО) да размислат како најдобро можат да обезбедат брзо и непречено прекугранично движење на стока, луѓе и превозни средства, денес (28.01.2019 година) на шеснаесет царински службеници и пет компании, им беа доделени пофалници од Генералниот секретар на СЦО, г-дин Кунио Микурија. 

Шеснаесетте царински службеници добија пофалници заради максимална посветеност и ангажираност во насока на квалитетно, ефикасно и професионално работење, со цел побрзо и поквалитетно спроведување на царински постапки. (Листа на царински службеници на кои им беа доделени пофалници).  За успешна соработка и заеднички придонес во насока на олеснување и забрзување на трговијата, транспортот и движењата преку границите пофалници беа доделени и на пет компании. (листа на компании на кои им беа доделени пофалници)

Генералниот секретар на СЦО, по повод 26 јануари - Меѓународниот ден на Царината, упати порака до сите земји членки на СЦО во која истакна дека од суштинска важност е Царината да го преземе водството за консолидација и зголемување на напорите за олеснување на движењето на стока и луѓе преку границите, со што глобализацијата ќе се претвори во позитивна сила. За таа цел, СЦО е посветена на трансформација на границите во "ПАМЕТНИ граници", при што Царината ќе дејствува како централна точка за поврзување и координација.

Исто така, истакна и дека "Технологијата" треба да биде главниот двигател на агендата на Царината, така што членките на СЦО ќе бидат подобро опремени за да одговорат на новите предизвици и можности од дигиталната ера. За да го задржи водството, Царината непрестајно треба да се потпира на студии, да истражува нови концепти  и да применува нови технологии

Порака Од Светската Царинска Организација – Меѓународен Ден На Царина 2019

 

Image-1 (3)
Image-1 (4)
Image-1
WCO_1 - Copy
Image-1 (1)
Image-1 (2)
slika
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7