Царинската управа ги поканува сите застапници (шпедитери) што поднесуваат декларации во царинските испостави Скопје 4 и Аеродром Скопје на работен состанок што ќе се одржи на 24 и 25 декември со почеток во 10,00 часот, во амфитеатарот во старата зграда на Царинската управа (Лазар Личеноски, 13 Скопје).

Целта на состанокот е појаснување на активностите за започнување на Проектот за пуштање во продукција на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) во наведените царински испостави и презентација на начинот на работа на Порталите за трговци кој ќе се користат за спроведување на формалности во царинската постапка. Проектот е планирано за започне на 04.02.2019 година.

Првиот ден (24.12.2018) ќе биде презентирана постапката за одобрување на пристап до СОЦДАД на економските оператори (правни и физички лица), начинот на поднесување на барања за добивање на соодветни одобренија (одобрение за застапување, одобрение за поедноставени постапка,.....), начин на користење на Модулот за консултации од Интегрираната Тарифна Околина (ИТО) и спроведување на формалностите во царинската испостава за извоз и царинската испостава на излез.

Вториот ден (25.12.2018) ќе биде презенатирано спроведувањето на формалностите во царинската испостава за увоз и користење на другите помошни модули во СОЦДАД (модул за гаранции, модул за наплата, ......)

Се повикуваат сите заинтересирани застапници да пријават најмногу по 2 претставници од компанија на следната електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Во рамки Пилот проектот од застапниците се очекува да:

  • да поднесат барања во СОЦДАД за користење на системот и за евидентирање на соодветните одобренија;
  • тековниот или најдоцна следниот работен ден, да ги поднесат во СОЦДАД сите декларации претходно поднесени во АСИКУДА. Поднесените операции следниот работен ден ќе бидат обработени во СОЦДАД од надлежната царинска ипостава;
  • доколку при внесување и/или обработка на царинските декларации во СОЦДАД се констатираат одредени проблеми, застапниците да ги пријават проблемите на адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Целосното ставање на СОЦДАД во продукција е планирано за 1 јуни 2019 година.