На 17 декември 2018 година, Министерство за внатрешни работи во соработка со Царинска управа на Република Македонија, при контрола на товарно моторно возило, на граничниот премин Богородица запленија 550 килограми  опојна дрога - марихуана.

Имено, на 17.12.2018 година околу 13:00 часот, на граничниот премин Богородица за излез од Македонија, се пријавило празно товарно моторно возило со скопски  регистарски таблици, во сопственост на правно лице, управувано од лицето З. А. од Скопје. На прашање на царинските инспектори дали има нешто да пријави за царинска контрола, одговорил дека нема ништо за пријавување. Возилото сепак  било селектирано за контрола со царинско куче. При контролата, кучето дало индикации за горниот дел на приколката (ладилник). По извршена детална контрола, на кровот од ладилникот забележана е нова лајсна залепена со силикон, со отстранување на горниот дел од кровот пронајдени се 181 најлонски пакувања со вкупна тежина од 550 килограми, наполнети со марихуана.

Марихуаната, возилото и лицето  се предадени на МВР  за понатамошна постапка.

1 (1)
1 (1)
1 (2)
1 (2)
1 (3)
1 (3)
1 (4)
1 (4)
1 (5)
1 (5)
1 (6)
1 (6)
1 (7)
1 (7)
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7