На 13 декември 2018 година, директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски, во Министерството за внатрешни работи, присуствуваше на свеченото предавање на донација на опрема и возила, која ќе биде користена од надлежните организациони единици на Министерството за внатрешни работи и од други надлежни институции во државата, меѓу кои и Царинската управа на Република Македонија.

Донацијата вредна 500.000 долари ја предаде амбасадорот на САД, г-дин Џес Бејли, a е обезбеденa од Владата на САД, преку програмата за контрола на извозот и граничната безбедност, при амбасадата на САД во Република Македонија. Дел од опремата, кој се состои од две специјални комбиња со мобилна опрема за откривање на радијација, ќе може да ги користи Царинската управа.

Амбасадорот Бејли рече дека програмата за контрола на извоз и гранична безбедност и Министерството за енергетика на САД ја даваат оваа донација за да ги подобрат капацитетите на Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и Дирекцијата за радијациона безбедност заради спроведување на професионални операции за гранична контрола и внатрешната безбедност. 

Кажано е дека, програмата EXBS ѝ помага на Македонија веќе 17 години и има обезбедено повеќе од девет милиони долари помош преку донирање на опрема и обуки. Оваа донација е само уште еден пример за силата на партнерството на САД, преку Програмата и Министерството за енергетика, со Владата на Македонија. Беа искажани пофалби за Граничната полиција, Царинската управа и Дирекцијата за радијациона безбедност, за нивните заложби за заштита на македонската граница и внатрешната безбедност.  

18
18
08
08
Previous Next Play Pause
1 2