На 7 декември 2018 година, во просториите на Царинската управа беше остварена средба меѓу директорот на Царинската управа, г. Ѓоко Танасоски и гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска. 

На средбата беше разговарано за тековната соработка меѓу двете институции, со акцент на новините коишто ги воведува Царинската управа со воведувањето на новиот систем за обработка на царинските декларации, во контекст на нивното користење како извор за изготвување на надворешните статистики. 

Поради воведените новини во работењето на двете институции, оценето е дека постои потреба од изготвување нов меморандум за соработка и нов протокол за размена на податоци.

На средбата беше изразено задоволство од придобивките од досегашната успешна соработка помеѓу двете институции.

 

carina 2
carina 2
carina 5
carina 5
Previous Next Play Pause
1 2