Во период 11-12.06.2018 година, директорот на Царинската управа на Република Македонија г-дин Ѓоко Танасоски, учествуваше на неформален регионален Состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан, што се одржа во Република Албанија.
Состанокот е продолжение на првиот неформален регионален состанок, што се одржа во Република Македонија во период од 30 ноември до 1 декември 2017 година.
На состанокот се дискутираше за подготовка на заеднички пристап на Царинските служби од регионот со цел унапредување на царинските постапки и економската соработка во Западен Балкан, присуствуваа претставници на Царинските управи на Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и меѓународни институции и организации.
На маргините на состанокот, директорот на Царинската управа на Република Македонија г-дин Ѓоко Танасоски оствари билатерални средби со директорката на Царината на Република Албанија г-ѓа Белинда Икономи, директорот на Царината на Република Црна Гора г-дин Владан Јоковиќ, како и со директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА г-дин Емир Џикиќ.