Вчера (25.01.2018 година), царинските инспектори од Одделението за оперативни работи, на граничен премин Табановце запленија околу 20 килограми марихуана. 

На 25 јануари 2018 година, на граничен премин Табановце за излез од државата се пријави патничко моторно возило со бугарски регистарски таблици управувано од лице со иницијали Р.Б. - бугарски државјанин. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави за царинска контрола, осомничениот кој патувал од Косово за Бугарија, одговорил дека нема ништо за пријавување. И покрај тоа, возилото било селектирано за преглед во кој вклучено било и царинско куче кое при прегледот дало индикации за присуство на дрога во возилото. 

Имено, меѓу предните седишта на возилото, под теписонот бил пронајден специјално направен бункер кој се простирал под патосот се до задните седишта. Во бункерот биле пронајдени вкупно 71 пакувања, наполнети со марихуана со тежина од околу 20 килограми. Марихуаната требало да  биде пренесена до  нарко-пазарите во земјите од западна Европа.  Вредноста на запленетата наркотична дрога при продажба на големо би достигнала вредност од околу 40 илјади евра.

Царинската управа на Република Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничениот поднесе кривична пријава, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “. 

Судијата на претходна постапка на осомничениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

 

5
5
7
7
9
9
Previous Next Play Pause
1 2 3