На 24.01.2018 година беше остварена средба меѓу директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски и Амбасадорката на Јапонија г-а Кеико Ханеда.

На средбата г-а Ханеда беше запозната со претстојните приоритетни и стратешки активности што ги презема Царинската управа во насока за понатамошно осовременување на царинското работење и забрзувањето на меѓународната трговија. На средбата е истакната заинтересираноста за продлабочување на билатералната соработка помеѓу царинските служби на Јапонија и Република Македонија, на полето на примена на искуства и добри практики за поголема ефикасност и примена на современи методи во работењето.

sostanok
sostanok
Previous Next Play Pause
1