Во текот на изминатите три седмици откриени се повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани облека, обувки, накит, мобилни телефони, кафемати, апарат за алко-тест, цигари, запалки, столарски пили, регистарски таблички и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Цигари 

- 50 штеки цигари и 6.600 запалки, откриени во два одвоени случаи, при контрола на две возила со македонски регистарски таблички, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица.  

Во првиот случај, при контрола на патничко комбе, управувано од македонски државјанин, во патничка торба, сместена меѓу седиштата на возилото, биле пронајдени 50 штеки цигари без акцизни маркички, од марките OME, Davidoff, Winston и Marlboro 100s. Непријавените цигари се привремено задржани, а против сопственикот, грчки државјанин кој патувал со возилото, е поднесено барање за поведување прекршочна постапка. 

Во вториот случај, при контрола на автобус, кој сообраќал на вонредна линија, на релација Истанбул – Скопје, во преградите над предните тркала, биле пронајдени 11 кутии со 6.600 запалки. Непријавените запалки се привремено задржани, а против водичот на автобусот, македонски државјанин, кој се пријавил како сопственик на производите, е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 905 готови текстилни производи (комплети тренерки, дресови и фармерки), со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на македонски камион натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Тетово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност. 

- 109 ташни, 152 торби, 196 капи и 67 пара очила, со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во царинската испостава Гевгелија, при контрола на стока со потекло од Бугарија, пријавена за реекспорт од страна на фирма од Гевгелија, наменета за фирма увозник од Грција. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Пазарната вредност на производите е проценета на околу 4,6 милиони денари, доколку би се продавале како оригинали.

Облека, обувки и модни додатоци

- 4 парчиња облека, 1 пар чевли и 7 модни додатоци (рачен часовник, обетки, прстени, алка и паричник), со вкупна вредност од над 11 илјади евра, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на македонска државјанка која допатувала со лет од Загреб. Непријавените производи се привремено задржани, а против патничката ќе биде поведена соодветна постапка.

- 116 парчиња облека (женски палта, тренерки, панталони, фустани, болера и комбинезони), откриени при контрола на англиски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

- 108 парчиња накит-бижутерија (обетки, прстени, белегзии, ѓердани и круни), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавените производи, пронајдени во кеси сместени под возачкото седиште и покриени со јакна, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

- 44 машки работни панталони од синтетика, откриени во царинската испостава Штип, при контрола на стока од испраќач од Германија, вратена заради поправка, пријавена за увоз за облагородување од страна на фирма од Скопје. Непријавените производи се привремено задржани, а против увозникот е поведена прекршочна постапка.

Техничка стока, апарат за алко-тест и регистрски таблички

- 4 мобилни телефони SAMSUNG S8, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на куферот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Цирих. Непријавените телефони се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена пркршочна постапка. 

- 9 кафемати марка Lavazza, откриени при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените кафемати, пронајдени во две картонски кутии сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани а против возачот е поведена соодветна постапка.

- 2 столарски пили, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски граѓанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавените пили, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

- 1 апарат за детекција на алкохол во крвта со 1000 пластични цуцли и 1 комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајна дозвола, откриени во два одвоени случаи при контрола на два бугарски автомобили, на граничниот премин Делчево.

Во првиот случај, во багажникот и под совозачкото седиште на возилото, управувано од бугарски државјанин и пријавено за влез во државата, биле пронајдени 1 апарат за детекција на алкохол во крвта и 1000 пластични цуцли за истиот. Непријавените производи, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка. 

Во вториот случај, во багажникот на возилото, управувано од македонски државјанин и пријавено за излез од државата, биле пронајдени 1 комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајна дозвола од патничко возило марка ALFA ROMEO 155. Возачот изјавил дека возилото го продал на лице од Делчево а сообраќајната дозвола и табличките ги носи во Бугарија за да ги одјави. Со таквата постапка возилото било пуштено во слободен промет без претходно да биде ставено во пропишана царинска постапка и без да бидат платени увозни давачки. Против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

 

Aparat za alkotestDelcevo (2)
Aparat za alkotestDelcevo (2)
Cigari, Bogorodica
Cigari, Bogorodica
Kafemati, Tabanovce
Kafemati, Tabanovce
Mobilni tel.,Aerodrom SK
Mobilni tel.,Aerodrom SK
Obleka,nakit,Aerodrom SK
Obleka,nakit,Aerodrom SK
Obleka,Tabanovce
Obleka,Tabanovce
Rabotna obleka, Stip
Rabotna obleka, Stip
Zapalki,Bogorodica
Zapalki,Bogorodica
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8