Делегација на Царинската управа предводена од директорот г-дин Ѓоко Танасоски зеде учество во активностите на 131-та седница на Советот за царинска соработка на Светската царинска организација, што се одржа на 14-ти и 15-ти декември 2017 година, во Брисел-Белгија.

Беа предложени и договорени и областите на соработка и заедничко делување кои ќе бидат предмет на расправа на седниците на Советот кои ќе се одржат во 2018 година, а се дискутираше и за напредокот во следните области: нетарифните бариери, е трговијата, контрола на границите, поддршка на економската конкуретност, градење на капацитети, спроведување на законите, SAFE Рамката на стандарди, олеснување на трговијата, сузбивање на незаконски оптек на финансиски средства и други прашања поврзани со царинското работење.

На маргините на седницата на Советот, директорот на Царинската управа оствари средба со генералниот секретар на СЦО г-дин Кунио Микурија и неколку поединечни средби со директори на царински служби од Европa, со цел размена на мислења за актуелните предизвици во регионот и договарање на билатерални активности.

 

2
2
4
4
5
5
Previous Next Play Pause
1 2 3